ПСЖ знаел дека Лени Јоро е кревок, затоа одбил да плати 60+ милиони и да ја изедначи понудата на Јунајтед

by bojan
1 минути читање
Лени Јоро

Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ имал информации дека Лени Јоро е кревок и потенцијално склон на повреди на стапалата, па затоа „светците“ одбиле да инвестираат 60+ милиони евра и да ја изедначат понудата на Манчестер јунајтед.

На средината од минатиот месец, Манчестер јунајтед ја доби битката за потписот на перспективниот Лени Јоро, „ѓаволите“ одвоија 60+ милиони евра за да го ангажираат 18 годишниот дефанзивец.

Реал Мадрид не сакаше да оди повеќе од 35 милиони евра, додека пак ПСЖ реши да не загриза посериозно и покрај тоа што подолго време го следеше играчот.

Последните информации велат дека „светците“ знаеле дека Лени Јоро е кревок, дека е потенцијално склон на повреди на стапалата, па затоа одбиле да инвестираат 60+ милиони евра и да ја изедначат понудата на Манчестер јунајтед.

Ваквите написи од Франција следуваат по веста дека Лени Јоро ќе паузира помеѓу два и три месеци поради повреда на стапалото заработена на контролниот натпревар против Арсенал во САД.

Одредени извори додаваат дека дури и во Манчестер јунајтед биле свесни за проблемите на Лени Јоро, но и покрај тоа решиле да продолжат со комплетирање на зделката и да инвестираат голема сума.

Лено Јоро минатата сезона во дресот на Лил одигра 44 натпревари и не забележа ниту една повреда на стапалата, па нејасно е како ПСЖ знаел дека младото момче може да има мака со нив во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани