Пропадна бесплатниот трансфер на славниот голман во Монца

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Монца нема да потпише со искусниот голман Кејлор Навас, кој се очекуваше да пристигне како бесплатен агент.

Клубот од предградието на Милано имаше договорено сè за потписот со Костариканецот, дури беа закажани и медицинските тестови. Навас требаше да летне кон Италија и да го комплетира трансферот, меѓутоа дојде до пресврт во оваа ситуација.

Според добро упатениот Џанлука Ди Марцио, пропадна бесплатниот трансфер на Кејлор Навас во Монца. Причината се ситни детали од договорот кој голманот требаше да го потпише со клубот.

Алтернатива во оваа ситуација за Монца е поранешниот голман на Рома, Руи Патрисио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани