Раниери доби повик од Лондон – Можно е негово враќање во Премиерлигата?

by
1 минути читање

По заминувањето
на Сем Алардајс од клупата на Кристал Палас, тренерското место е испразнето, па
така клубот од Јужен Лондон бара негова замена, како што пренесуваат медиумите на
Островот, раководството на клубот веќе го контактирало Клаудио Раниери.

Кристал Палас има
амбициозен тим, добрите познавачи на англискиот фудбал знаат со каква офанзива
располага, за тоа говори и статистиката на крајот од сезоната во Англија, каде
Кристал Палас постигна 50 погодоци со што е меѓу првите десет екипи по бројот
на постигнати голови изминатата сезона, но ќе треба да се засили одбраната која
се чини дека потфрли.

Искусниот
италијански стратег направи сензација со Лестер лани освојувајќи ја титулата во
Премиерлигата, но доби отказ по слабите резултати на стартот на оваа сезона.

Покрај Раниери,
во опција за тренерското место во Кристал Палас се споменува и Холанѓанецот
Франк де Бур.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани