282
Новиот калчолигаш Комо е прилично активен на трансфер пазарот а последните информации велат дека имаат нова амбициозна цел и ангажман на Мемфис Депај.
По изборената промоција во Серија А, Комо ова лето донесе неколку звучни имиња, најголемо беше она на Рафаел Варан, кој одби неколку примамливи понуди за да се пресели во Ломбардија.
Но последните информации велат дека Комо и Сеск Фабрегас сакаат да потпишат со ново звучно име.
Остварен е контакт со Мемфис Депај и се опипува терен за негов ангажман.
Холанѓанецот е слободен играч, неодамна имаше гласини за негова преселба во Интер, но „нероаѕурите“ се откажаа поради платата која ја побара напаѓачот, како и провизијата на агентите.