Мундо Депортиво објави дека Нико Вилијамс размислува да остане уште една сезона во Атлетик Билбао, да добие договор со нова откупна клаузула од 100 милиони евра, но од таборот на Барса му порачале дека нема шанси да го купат под тие услови.
Преселбата на Нико Вилијамс во Барселона е една од топ темите на трансфер пазарот ова лето.
Се веруваше дека офанзивниот фудбалер е пред трансфер на Камп Ноу, но во последно време се говори за можноста Шпанецот да остане уште една сезона во Атлетик Билбао.
Семејството го советува да ја одбере оваа опција, а наводно тој му ветил на својот брат Ињаки дека ќе играат заедно во Европа.
Атлетик Билбао е подготвен да му ја зголеми платата и да го награди за лојалноста, но и да му вметне нова откупна клаузула од 100 милиони евра.
Како што пренесува Мундо Депортиво, од Барселона му порачале на Нико Вилијамс дека нема шанси да го купат под вакви услови и за сума од 100 милиони евра тој слободно може да заборави за настап во дресот на „каталонците“.