Ремек дело на Французинот: Жиру ја победи физиката со голот против Шведска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Франција загуби
на гостувањето кај Шведска со 2-1 во квалификациите за СП Русија 2018, поразот
дојде при катастрофалната грешка на Хуго Лорис во самиот финиш од мечот.

Сепак, голот за
водство на Франција во 37. минута, дело на Оливие Жиру беше вистинска мајсторија, која вреди да се погледне неколкупати.

Со овие три бода
Шведска се израмни на врвот со Франција со по 13 бода во групата „А“ на шест
кола до крајот на квалификациите, по нив следи Холандија со 10 бода.

Фото-вест:
UEFA

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани