100
Страстите зовреа на дуелот помеѓу БиХ и Грција, на реваншот во Зеница настана голема мешаница по последниот свиреж на судијата.
На патот кон соблекувалната, соиграчите од Рома, Един Џеко и Костас Манолас почнаа да си дофрлаат нешто, а вербалната расправија прерасна во мала турканица.
Потоа притрчаа голем број на играчи и лица од стручниот штаб, настана хаос на теренот, а најдебелиот карј го извлече Јанис Јаниотас.
Репрезентативецот на Грција остана без еден заб откако доби бокс во лицето од помошникот на селекторот на БиХ.