Енцо се вратил во составот на Челси и веднаш им се извинил на соиграчите

by riste
1 минути читање

Аргентинскиот фудбалер, Енцо Фернандез првпат е со соиграчите од Челси по неговото контроверзно пеење откако со селекцијата на Аргентина ја освоија Копа Америка.

Енцо во автобусот со останатите фудбалери на Аргентина пееше расистички песни поради кои голем дел од соиграчите на Челси го отследија на социјалните мрежи.

Тој им се приклучи на соиграчите во Атланта каде што тимот е на подготовки и веднаш се извинил за својата постапка.

Енцо најпрво се извини телефонски брзо по непријатниот инцидент, а сега и лично. Рис Џејмс и Аксел Дисаси биле лидерите во овој процес на помирување на страните.

Покрај извинување, Енцо ќе треба да донира и во хуманитарни цели за анти-дискриминација.

Челси го смета овој случај за затворен, ФИФА продолжува да го истражува инцидентот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани