Новото засилување на Реал Мадрид, Ендрик за брзо време импресионирал на „Бернабеу“, особено бил изненаден кондициониот тренер Антонио Пинтус.
„Кралевите“ го ангажираа перспективниот Ендрик уште во 2022, но Бразилецот дури ова лето пристигна во Мадрид.
Минатата недела тој беше промовиран пред публиката на „Бернабеу“ и веднаш се стави во погон.
Како што пренесуваат медиумите, 18 годишниот Ендрик за брзо време импресионирал, особено бил изненаден кондициониот тренер Антонио Пинтус.
„Физички, многу ме потсеќаш на Роберто Карлос“ – му кажал Пинтус на младото момче, кога ги видел неговите бутни мускули и моќниот изглед на нозете.
Фитнес тренерот на Реал Мадрид е убеден дека ќе направи ѕвер од Ендрик, кој физички изгледа за постар фудбалер, а не тинејџер.