Аргентинскиот талентиран напаѓач Хулиан Алварез се поврзуваше со заминување од редовите на Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола најчесто го остава Алварез во втор план, а тоа е сосема очекувано кога во тимот го имате Ерлинг Халанд. И покрај тоа, Аргентинецот имаше доста настапи и секогаш беше барем резервист во походот на освојувањето на Премиер лигата.
Сепак, делува дека тој е незадоволен од својата минутажа, а тоа го потврдува неговата последна изјава.
„Минатата сезона јас бев еден од играчите со најмногу минути во Сити. Сепак, на крајот никој не сака да биде изоставен од најважните натпревари, сакаш да придонесуваш. Ќе го искористам времето да размислам што сакам за себе и својата иднина. Ќе видиме што ќе биде“, изјави Алварез.
Оваа изјава е интересна ако се земе в предвид дека Алварез имаше 54 одиграни натпревари за Сити, постигна 19 погодоци и подели 13 асистенции.