124
Подолго време се
говори дека Барса ќе направи одредени промени на тимот во летниот преоден рок,
и се најавува дека ќе стигне барем едно големо засилување.
Клубот од Камп
Ноу сака да донесе фудбалер од средниот ред од светска класа и идентификувани
се неколку имиња.
Марко Верати од
ПСЖ и Филипе Кутињо од Ливерпул се на врвот на листата со желби.
Се говори дека
првите играчи на Барса имаат различни мислења за тоа кој треба да биде големото
засилување.
Нејмар сака на
Камп Ноу да го види неговиот сонародник Филипе Кутињо, додека пак Лео Меси
преферира тоа да биде Марко Верати.