Пијан возач удрил во Рејнџ Роверот на Рашфорд, негов соиграч од Јунајтед завршил во болница

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пишуваат за сообраќајна несреќа во која била инволвиран луксузниот автомобил Рејнџ Ровер на Маркус Рашфорд, а во болница завршил неговиот соиграч Тајлер Маласија.

Дефанзивецот Тајлер Маласија завршил во болница на прегледи откако бил сопатник во Рејнџ Роверот на Маркус Рашфорд, а во нив се забил црн Мерцедес.

Инцидентот се случил пред десетина дена, виновен бил 55 годишен маж, кој возел под дејство на алкохол.

Маркус Рашфорд бил во друг автомбил, веднаш зад Рејнџ Роверот па не бил повреден во сообраќајната несреќа, настрадал негов пријател, кој седел зад воланот на луксузниот автомобил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани