Роналдо заработува најмногу според последната листа на „Форбс“

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо е спортистот кој заработува најмногу, неговиот годишен прилив изнесува 93 милиони долари од кои 58 заработени од фудбалот, а 35 од маркетинг активности.

Лионел Меси е вториот фудбалер со најголема заработка, неговите годишни примања изнесуваат 80 милиони долари од кои 53 во плати, а 27 од маркетинг активности. 

Девет фудбалери се најдоа на листата на „Форбс“ меѓу спортистите кои највеќе заработуваат. Од нив по три се на Реал Мадрид и Барселона, два на Манчестер јунајтед и еден е од Манчестер Сити.

Фудбалерите кои најмногу заработуваат:

1. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид): 93 милиони долари

2. Лионел Меси (Барселона): 80 милиони долари

3. Нејмар (Барселона): 37 милиони долари

4. Герет Бејл (Реал Мадрид): 34 милиони долари

5. Златан Ибрахимовиќ (Манчестер јунајтед): 32 милиони долари

6. Вејн Руни (Манчестер јунајтед): 23,6 милиони долари

7. Луис Суарез (Барселона): 23,3 милиони долари

8. Серхио Агуеро (Манчестер Сити): 22,6 милиони долари

9. Хамес Родригез (Реал Мадрид): 21,9 милиони долари

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани