Ливерпул се откажа од Ван Дијк и му се извини на Саутемптон

by
1 минути читање

Во вторникот Саутмптон го пријавија Ливерпул на Премиерлигата и побараа да бидат истражени нелегални обиди на „црвените“ да дојдат до холандскиот фудбалер.

Премиерлигата го прифати барањето, но во меѓувреме Ливерпул се откажа од трката за фудбалерот, му се извини на Саутемптон и нема да сноси никакви последици.

„Ливерпул сака да го искаже нашето жалење за медиумските шпекулации во последно време кои се однесуваа на Саутемптон и можен трансфер на фудбалер помеѓу двата клуба“ – објавува Ливерпул.

„Му се извинуваме на сопственикот, бордот на директори и фановите на Саутемптон за било какво недоразбирање поврзано со Вирџил ван Дијк. Ја почитуваме позицијата на Саутемптон и можеме да потврдиме дека го прекинуваме секој интерес за фудбалерот“.

Гласините велеа дека во трката по Ван Дијк беа Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, а тимот од Енфилд бил фаворит за неговиот потпис откако фудбалерот бил импресиониран од Јирген Клоп кој директно се потрудил да го убеди Холанѓанецот. Токму тоа Саутемптон го сметаше за илегална активност на „црвените“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани