344
„Ѓаволите“ составиле листа со седум фудбалери кои можат да заминат ова лето со цел да се приберат средства за ангажман на нови играчи.
Манчестер јунајтед веќе потроши над 100 милиони евра за ангажман на Џошуа Зиркзе и Лени Јоро, а Ерик тен Хаг очекува барем уште три засилувања: десен бек, централен дефанзивец и фудбалер од средниот ред.
За да пристигнат нови засилувања, „ѓаволите“ ќе мора да продаваат и се шпекулира дека е составена листа со седум фудбалери кои ќе одат на продажба.
Доколку пристигнат соодветни понуди, клубот можат да го напуштат Виктор Линделоф, Арон Ван Бисака, Кристијан Ериксен, Хари Мегваер, Скот Мектоминеј, Антони и Џејдон Санчо.