Тренерот на Челси, Енцо Мареска не очекува проблеми во соблекувалната кога Енцо Фернандез ќе се врати по продолжениот одмор, смета дека Аргентинецот немал лоши намери.
Енцо Фернандез се најде во проблеми откако на Инстаграм во живо го пренесуваше славјето на Аргентина по триумфот на Копа Америка и пееше расистичка песна со која се навредуваат Французите.
Во Челси има седум Французи, кои веднаш го кренаа гласот и го отследија од социјалните мрежи, а клубот покрена интерна дисциплинска постапка.
Многумина се прашуваат како тие ќе реагираат кога Аргентинецот ќе се врати во тимот, но тренерот Енцо Мареска не очекува проблеми.
„Играчот испрати соопштение, се извини, истото го стори и клубот. Сметам дека нема што да се додаде, ситуацијата е јасна“ – рече тренерот на Челси на средбата со новинарите во Санта Клара.
„Да бидам искрен, не очекувам проблеми кога Енцо Фернандез ќе се врати во тимот. На крајот од денот, сите сме човечки суштества. Мислам дека никој немаше лоши намери“
„Тој не е лош човек, можат да се случат вакви работи. Па не очекувам проблеми. Разговарав со Енцо, разговарав и со другите… играчот се извини и мислам дека е јасно“.