Едно старо видео од Лени Јоро повторно е актуелно на социјалните мрежи, дефанзивецот беше исмејуван од соиграчите поради тоа што пешки си оди дома по тренингот на Лил.
Лени Јоро минатата недела направи трансфер во Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ не штедеа пари за да го ангажираат дефанзивецот, кој важи за еден од најперспективните играчи во Европа.
На социјалните мрежи, повторно е актуелно едно видео од пред година ипол и денот кога Лени Јоро беше исмејуван од соиграчите по тренингот на Лил.
Со 17 години, Лени Јоро не може да добие возачка дозвола, па тргнал пешки накај дома, а во еден момент покрај него поминува Џонатан Бамба, кој решава да му фаќа сеир и се шегува на негова сметка на социјалните мрежи.
Тоа дете сега испиша историја и стана третата најскапа продажба во историјата на Лил, и еден од најскапите тинејџери во Премиерлигата откако Манчестер јунајтед во него инвестираше 62 милиони евра, плус уште 10 милиони во бонуси.
Quand Jonathan Bamba surprend Leny Yoro rentrer de l’entraînement… à pied pic.twitter.com/NCmfoGNM4U
— Instant Foot (@lnstantFoot) January 19, 2023