128
Ливерпул се надева дека ќе успее да го ангажира Салах од Рома, но се уште не е постигнат договор помеѓу двата клуба. Првата понуда од 28 милиони фунти беше одбиена.
„До овој момент нема ништо со Ливерпул, ќе видиме што ќе се случи“ – изјави претседателот на Рома, Џејмс Палота.
Но, на социјалните мрежи се појави фотографија од Мохамед Салах со двајца фудбалски фанови како покажуваат дресови на Ливерпул, а фудбалерот со задоволство се слика со нив.
Фотографијата брзо стана популарна на твитер, дел од навивачите на Ливерпул се надеваат дека тоа е знак дека Салах ќе дојде во нивниот клуб.
Welcome to @LFC @22mosalah #LFC #YNWA #JFT96 #LFCAR pic.twitter.com/GMQYOCldne
— Ahmed Essam (@Only1Essam) June 6, 2017