195
Екипата на Јувентус сака да се раздели со една од ѕвездите, а тоа е Федерико Киеза.
Крилниот фудбалер кој своевремено беше еден од најдобрите играчи во калчото, сега се мачи со повреди и да влезе во ритам. Поради тоа „старата дама“ сака да се ослободи од него додека се уште може да заработи пари. Цената на Киеза е околу 25-30 милиони евра, а од Италија доаѓа неверојатна шпекулација.
Имено, според неколку италијански извори сериозно заинтересиран за Киеза е Интер. Шампионот на Италија би можел да тргне по услугите на Федерико Киеза, а ако Јуве добие вистинска понуда нема да има против продажбата.
Сепак, тоа нема добро да мине кај навивачите кои со сигурност таков потег би го обележале како предавство.