242
Реал Мадрид се пофали со вториот дрес за новата сезона во која ќе го брани тронот во Шпанија и Лигата на шампионите.
Втората гарнитура на дресови на „кралевите“ ќе биде портокалова. Реал се реши да се наврати десет години наназад, поточно во сезоната 2013/14 кога Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Лука Модриќ, Марсело… ја освоија популарната „Ла Десима“, односно десеттата титула во Лигата на шампионите.
Во новиот дрес веќе позираа Џуд Белингем и новата ѕвезда Килиан Мбапе, со што само уште еднаш ги поттикнаа желбите на навивачите за што побргу да стартува новата сезона.