Maнчестер Јунајтед го победи Ренџерс со 2:0 во подготовките за новата сезона, но место славјето на победата до која стигнаа со головите на Амад Диало и Џош Хугли најголемо внимание привлече гафот кој го направи клупската телевизија на „Црвените ѓаволи“.
Новинарката пред почетокот на натпреварот правеше интервју со навивачите кои стигнаа на стадионот, но помеѓу нив се појави и еден кој ја носеше третата гарнитура за новата сезона. Проблемот е што тој дрес се уште не е официјално претставен.
Кога новинарката сфати дека прикажува нешто што не треба брзо го приведе интервјуто кон крајот. „Дејли Мејл“ ова го опиша како голем гаф на телевизијата на Манчестер Јунајтед.
На третиот дрес на Манчестер Јунајтед преовладува белата боја со црвени и црни линии. Тимот на Ерик Тен Хаг пред победата против Ренџерс запиша пораз од 0:1 против Розенборг. Следниот припремен натпревар Јунајтед ќе го игра во САД против Арсенал.