164
По елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите, екипата на Струга ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига.
Противник на стружани ќе биде ерменски Пјуник, а од Струга објавија дека билетите за овој натпревар ќе бидат во продажба од утре и тоа по цена од 300 денари.
Билетите за натпреварот во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“ ќе можат да се купат во „Еmpire Bar“, фан шопот на клубот или онлајн.
Ќе потсетиме, Струга остана и единствен македонски претставник во европските квалификации по елиминациите на Тиквеш и Шкендија.