Спасот за преодниот рок на Барселона може да биде во – големото промашување!

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот напаѓач, Виктор Роке како што стојат работите не е во плановите на Ханси Флик, но токму тој би можел да биде спасот за Барселона во летниот преоден рок.

Роке во Барселона пристигна во јануари оваа година од Атлетико Параненсе за сума од 40 милиони евра, но во вториот дел баш и не ги оправда очекувањата.

Чави не сметаше сериозно на услугите на овој 19 годишник и изгледа дека истата судбина го чека и кај Флик. Иако припремите само што започнаа по тоа што Роке тренира со младинците може да се забележи дека не е во плановите.

Овој 19-годишник веќе го сметаат за промашување на Барселона. Но, сега се појави информација дека со неговиот трансфер може да се соберат финансии кои ќе помогнат во ангажманот на Нико Вилијамс и Дани Олмо.

Според последните најави голем интерес за Роке покажал саудискиот Ал Хилал кој е спремен да плати околу 50 милиони евра и тоа би била одлична сума за Барселона. Нема дилеми, ако дојде и официјално ваква понуда Барселона сигурно би сакала да го продаде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани