223
Ливерпул загуби од Престон во пријателски натпревар кој се играше зад затворени врати, тоа беше и прв меч на Арне Слот како предводник на црвените.
Мо Салах беше капитен на овој меч, но Ливерпул настапи без сите играчи кои настапија на Европското првенство, па тимот беше значително ослабен.
Ова беше прв меч на Арне Слот како тренер на Ливерпул, но резултатите во подготвителниот период не се важни. Многу поважно е каков ќе биде исходот на неговиот прв официјален натпревар.