318
Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона ќе земе кредит за да може да ја активира откупната клаузула на Нико Вилијамс од 58 милиони евра.
Нико Вилијамс е главна цел на Барселона, спортскиот директор Деко оваа недела се сретна со агентот на напаѓачот за да постави темели за реализирање на трансферот.
Сепак, зделката не е едноставна, Атлетик Билбао не сака да седне на преговори и инсистира „каталонците“ да ја активираат откупната клаузула.
Се говори дека во моментов Барселона нема доволно средства за во една исплата да одвои 58 милиони евра, па за да се подобри ликвидноста и да може да се реализира трансферот, клубот од Камп Ноу ќе подигне кредит.