Ракитиќ не издржа во Саудиска Арабија, се откажа од големи милиони за да се врати во Европа!

by riste
1 минути читање

Хрватскиот фудбалер, Иван Ракитиќ го раскина договорот со клубот од Саудиска Арабија, Ал Шабаб и се враќа во Европа, најверојатно ќе потпише за Хајдук.

Ракитиќ имаше договор со Ал Шабаб до јуни 2025 година, а платата му беше 15 милиони евра по сезона. По само шест месеци откако отиде таму реши да се врати во Европа оставајќи им ги милионите на Саудијците.

Тој веќе подолго време е во преговори со Хајдук и најверојатно хрватскиот клуб ќе биде неговата следна дестинација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани