Обамејанг го потврди заминување од Марсеј, познат и новиот клуб

by Стефан
1 минути читање

Габонецот Пјер Емерик Обамејанг си заминува од редовите на Марсеј каде што минатата сезона беше најодбар стрелец.

Обамејанг како слободен фудбалер пристигна во Марсеј од Челси и брзо го покажа својот квалитет постигнувајќи 30 гола, а имаше и уште 11 асистенции. Сепак, неговиот индивудален учинок не беше доволен за некој поголем успех бидејќи Марсеј го освои осмото место на табелата.

„Време е за ново поглавје“, објави Обамејанг.

Веќе е познато и каде ќе продолжи габонскиот напаѓач. Обамејанг ќе стане нов член на Ал Кадсија од Саудиска Арабија. Со овој клуб Обамејанг ќе потпише договор на две години. Финансиските детали не се откриени, меѓутоа сигурно се работи за богат договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани