Мората ги помина редовните лекарски прегледи и откри зошто решил да се пресели во Милан

by bojan
1 минути читање
Мората

Алваро Мората вели дека со нетрпение чека да се врати во Серија А, решил да се пресели во Милан поради укажаната доверба од Златан Ибрахимовиќ и Пауло Фонсека.

Алваро Мората е пред трансфер на Сан Сиро, напаѓачот денеска во Мадрид, во придружба на доктор на Милан, ги помина редовните лекарски прегледи.

Делегација на „росонерите“ исто така е во Мадрид за да ја плати откупната клаузула од 13 милиони евра, па само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда.

Во меѓувреме, напаѓачот порача дека со нетрпение чека да се врати во Серија А.

„Се решив за преселба во Милан поради довербата која ми ја укажаа Златан Ибрахимовиќ и Пауло Фонсека. Со нетрпение чекам да ја започнам новата авантура и да се вратам во Серија А. Ако се прашувам само јас, уште утре би се појавил на тренинг, но морам да поминам одредено време со семејството на одмор, тие се мојата најголема поддршка“ – вели Алваро Мората.

Шпекулациите велат дека Алваро Мората ќе стави потпис на четиригодишен договор и ќе има плата од околу 5 милиони евра по сезона, плус бонуси.

„Најдобрите години од кариерата се пред мене, и сакам да бидам дел од голем клуб како Милан“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани