230
Турскиот напаѓач, Џенк Тосун во новата сезона ќе настапува за Фенербахче откако потпиша двегодишен договор со овој клуб.
Тосун кој настапуваше и за Евертон и Кристал Палас, беше херој на навивачите на Бешикташ. Во тој клуб играше во два наврати, од 2014 до 2018 и од 2022 до 2024.
Иако помина шест години во Бешикташ и постигна многу голови за овој клуб, Тосун реши да се пресели во нивниот градски ривал, екипата на Фенербахче.
Ваквиот трансфер ги разочара навивачите на Бешикташ кој никогаш нема да му го простат ова предавство.