Медиумите од Италија одново пишуваат за можноста Јувентус и Наполи да направат трампа ова лето, сега се шпекулира дека Џакомо Распадори би можел да заврши во Торино а Федерико Киеза во обратен правец.
Јувентус и Наполи се лути ривали, односите дополнително се заострија кога „старата дама“ ја активираше откупната клаузула на Гонзало Игуаин.
Но и покрај тоа, минатиот месец се говореше за соработка на трансфер пазарот и трампа во која ќе бидат инволвирани Џовани Ди Лоренцо и Федерико Киеза.
Една ваква зделка не се реализираше, но медиумите велат дека двата клуба не се откажуваат од идеата да разменат играчи.
Според Тутоспорт, се опипува терен за можноста Џакомо Распадори да заврши во Торино, Федерико Киеза во обратен правец, двајцата имаат цена од околу 25 милиони евра.