Денешното издание на Спорт вели дека тренерот Ханси Флик преферира да биде ангажиран Дани Олмо наместо Нико Вилијамс, кој е главна желба на претседателот Жоан Лапорта.
Изминатиов период често имаше гласини дека Барселона сака да го донесе Нико Вилијамс ова лето, дури и Жоан Лапорта јавно призна дека му се допаѓа напаѓачот и ќе сторат се што можат за да го ангажираат.
Но како што пренесува весникот Спорт, Ханси Флик на ум има друг репрезентативец на Шпанија и сака да биде ангажиран Дани Олмо.
Тренерот на Барса е свесен дека ќе има пократок состав, па го преферира Дани Олмо поради неговата сестраност и можноста да игра на неколку позиции во офанзивата.
Секако, идеално би били Барселона да ги ангажира и Нико Вилијамс и Дани Олмо, но во овој момент шансите за ова се многу мали, „каталонците“ немаат доволно финансиски средства за една ваква двојна зделка.