166
Со освојувањето на Копа Америка, Меси дојде до 45. трофеј во кариерата и така го надмина Бразилецот Дани Алвеш (44). Аргентинецот сега е најтрофејниот играч во историјата на фудбалот.
Меси во кариерата 36 трофеи освои со Барселона, два со ПСЖ, еден со Интер Мајами и шест со репрезентацијата на Аргентина.
Интересно е што зад Дани Алвеш е Андрес Иниеста со 37. Тројцата се екс-фудбалери на Барселона и ваквиот податок само покажува колку Барселона доминираше во периодот неакаде од 2004-2005 до 2015 година.
Аргентинците во финалето против Колумбија славеа со голот на Лаутаро Мартинез во 112. минута.