171
Џорџо Кјелини беше еден од хероите на Италија кога тие го освоија Европското првенство на Вембли против Англија, а синоќа го донесе пехарот на стадионот.
Кјелини како капитен на Италија, го донесе пехарот кој требаше да го добие победникот од мечот меѓу Англија и Шпанија.
Англичаните повторно изгубија, а тоа изнуди насмевка кај Кјелини кој повторно им фати сеир.
„Ова ме врати назад, гледајќи го ентузијазмот и среќата на Англичаните, потсетувајќи се колку брзо може да се смени нивното расположение“, изјави Кјелини.