Во текот на
вчерашниот ден „Марка“ ги објави потенцијалните стартни постави на Реал Мадрид и Јувентус за претстојното големо финале во Лигата на шампионите престојнава
сабота.
Информациите кои
пристигнуваат од Шпанија велат дека францускиот стратег Зинедин Зидан нема никакви дилеми околу почетната постава, но од друга страна има голем ростер на
квалитетни фудбалери што му носи двоумица околу тоа кои од нив ќе се најдат на
клупата за резервни играчи за мечот во Кардиф.
Речиси е сигурно
дека нема да има место за Коентрао, третиот голман Јанез и Маријано, за преостанатите
седум места на клупата за резервни фудбалери во опција се дури десет ѕвезди на
тимот од Мадрид.
Кико Касилја е
можеби најдобрата резервна варијанта на Кејлор Навас, понатаму Матео Ковачиќ и
Герет Бејл се речиси сигурни резервисти, исто како и Алваро Мората, Марко
Асенсио, Данило…
Тоа се
неколкумина фудбалери за кои „Марка“ во своите анализи базирајќи се на
претходните натпревари наведува дека би можеле да се најдат на клупата, на која
можеби нема да има место за Пепе, Хамес Родригез и Лукас Васкез.