Симболични цени на влезниците за Турција и Шпанија

by
1 минути читање

Од „Куќата на
фудбалот“ информираат дека за пријателскиот натпревар против Турција кој е предвиден
да се одигра претстојниов понеделник, влезниците се по цена од 100, 200 и 400
денари, истиот меч започнува во терминот од 19 часот и 45 минути.

Што се однесува
пак до мечот од квалификациите за СП Русија 2018, дуелот против Шпанија во
Скопје, за истиот има влезници по цена од 200, 500 и 800 денари. Пресметката
против Шпанија стартува во терминот од 20 часот и 45 минути.

И двата
предвидени натпревари се играат на нашата најголема фудбалска арена во земјава,
„Телеком Арената“ во Скопје.

 

Извор/Фото:
ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани