Јувентус ги продава Суле и Киеза, како замени носи играчи на Борусија Дортмунд и Манчестер јунајтед

by bojan
2 минути читање
Мота

Денешното издание на Газета дело Спорт пишува за трансфер плановите на Јувентус кога е во прашање офанзивата, ќе бидат продадени Матијас Суле и Федерико Киеза а на нивно место ќе пристигнат Карим Адејеми и Џејдон Санчо.

Тијаго Мота сака да го скрои Јувентус по свој мерак и да создаде тим кој ќе може да игра според неговите замисли.

Во Торино веќе пристигнаа Даглас Луис и Кефран Турам, а се најавува уште едно засилување од средниот ред, Тун Копмајнерс од Аталанта.

Промени ќе има и во офанзивниот дел, денешното издание на Газета дело Спорт пишува дека пред да се тргне во шопинг, мора да се продава, на излезна врата се Матијас Суле и Федерико Киеза.

За услугите на Аргентинецот, Јувентус бара 30+ милиони евра и Лестер е клубот кој најсериозно загриза, додека пак Рома и Вест Хем внимателно ја следат ситуацијата.

Што се однесува до Федерико Киеза, и за неговите услуги се бараат околу 30 милиони евра, но компромис може да се најде за зделка од 25 милиони евра, плус бонуси.

Како засилувања се идентификувани Карим Адејми од Борусија Дортмунд, и Џејдон Санчо од Манчестер јунајтед.

За ангажман на Германецот се потребни околу 30-40 милиони евра, слична е цената и на Англичанецот, но Јувентус се обидува да ги убеди „ѓаволите“ да го пуштат фудбалерот на нова позајмица.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани