Денеска се спушти завесата во македонската прва лига, се одиграа мечевите од последното коло.
Највесело беше во Ѓорче Петров каде што играа Вардар и Силекс, не дека натпреварот беше посебен, тој заврши без голови 0-0, но по последниот судиски свиреж, Вардарци го добија пехарот и ја славеа 11. титула.
Денешниот натпревар беше последен за Влатко Гроздановски кој имаше 144 настапи во дресот на Вардар и освои три шампионски титули.
А благодарност од клубот доби и Благоја Љамчевски кој помина три сезони во Вардар и одигра 66 натпревари за македонскиот шампион.
Клубот му се заблагодари и на новинарот Златко Калински за неговиот придонес и афирмација на Вардар преку неговите зборови во изминатите 42 години новинарска кариера.
Во останатите натпревари од домашното првенство Брегалница го победи Работнички со 6-2, Победа загуби на свој терен од Ренова со 0-3, Шкендија со 3-1 го совлада Пелистер, Шкупи и Македонија Ѓ. П. одиграа 1-1.
Конечна табела:
1. Вардар 83
2. Шкендија 70
3. Работнички 54
4. Пелистер 52
5. Ренова 52
6. Силекс 47
7. Победа 41
8. Шкупи 37
9. Брегалница 24
10. Македонија Ѓ. П. 23