Искусниот Даниел Карчевски потпиша за Пелистер

by riste
1 минути читање

Пелистер продолжува да се засилува за прволигашката сезона, битолскиот клуб денеска го промовираше Даниел Карчевски за нов играч.

32-годишниот лев бек во Битола пристигнува од Тиквеш каде што играше минатата сезона, а во домашното првенство беше дел и од екипите на Победа и Силекс.

„Задоволство ни е да го официјализираме и претставиме потпишувањето на ,,Карче”, кој претходната сезона го носеше дресот на ГФК Тиквеш. Од денес сме уште посилни на левата бековска позиција во тимот, на која Карчески треба да придонесе со своето големо искуство и квалитет“, соопштија од Пелистер.

Претходно во Битола пристигнаа неколку засилување, а најзвучно име секако е повратникот во македонскиот фудбал и екс-репрезентативец, Мирко Ивановски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×