Блан е нов тренер на Ал Итихад, за титула ќе добие бонус поголем од платата на 99% од тренерите во Европа

by bojan
1 минути читање
Блан

Лоран Блан попладнево е потврден за нов тренер на Ал Итихад, Французинот во Саудиска Арабија ќе има плата од 10 милиони евра по сезона, како и бонус од 8 милиони евра за триумф во првенството.

По многу шпекулации, Ал Итихад го одбра новиот тренер и реши да му укаже доверба на Лоран Блан.

Француската легенда стави потпис на двегодишна соработка, со опција за додатни 12 месеци.

Медиумите пренесуваат дека неговата плата ќе биде 10 милиони евра по сезона, како и бонус од 8 милиони евра за триумф во првенството.

Па доколку Ал Итихад стане шампион на Саудиска Арабија, Лоран Блан само со бонусот ќе има поголеми примања од 99% од тренерите во Европа.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани