362
23 годишниот Италијанец имаше одлична сезона во дресот на „Биковите“ па го
привлече вниманието на голем број клубови ширум Европа.
Според денешното издание на Тутоспорт, Интер е последниот клуб кој се приклучил
во трката за потписот на Андреа Белоти.
Весникот пишува дека Валтер Сабатини, во името на Сунинг, до Торино
доставил понуда од 70 милиони евра плус Ранокија, Сантон и уште еден неименуван
играч.
Но од таборот на Торино веднаш го одбиле ваквиот предлог за „Петелот“, кој сезоната во Серија А ја заврши со 26 погодоци зад своето име .