Медиумите објавија дека Патрис Евра добил затворска казна, фудбалерот одоговори со бизарно видео (ВИДЕО)

by bojan
9 минути читање
Евра

Патрис Евра се огласи на социјалните мрежи и постираше бизарно видео како игра кошарка во затворска униформа, откако медиумите објавија дека поранешениот фудбалер бил осуден на условна затворска казна од една година.

Патрис Евра синоќа се најде во фокусот на јавноста поради работи кои не се поврзани со фудбалот, беше објавено дека поранешниот капитен на Франција бил осуден на условна затворска казна од една година поради запоставување на семејството.

Се работи за периодот од мај 2021 до септември 2023, Патрис Евра должел околу 1 милион евра на име на алиментација за неговата сопруга и двете деца.

По ваквите написи, Патрис Евра се огласи на социјалните мрежи и постираше бизарно видео, облечен во затворска униформа, со лисици на рацете играше кошарка на терен кој изгледа како да се наоѓа во склоп на затвор. Околу вратот имаше неколку златни ланци, како и знакот на доларот.

Се чини дека тој на ваков уникатен начин сакаше да им одговори на обвинувањата и написите.

Претходно, неговиот адвокат објави дека е доставена жалба и тие презентирале документи кои покажуваат дека Патрис Евра на сопругата и обезбедил стан, куќа со базен, а и позаjмил и околу 2 милиони евра.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани