73
Иако остануваат уште само неколку дена до големото финале од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, тренерот на Јуве, Масимо Алегри најде време да настапи и на хуманитарен меч.
Стратегот на Јуве играше само 15 минути по кои мораше да го напушти мечот поради повреда.
„Се работи само за мало истегнување, ништо сериозно“ – вели Алегри.
„Ова се прекрасни ноќи и важно е да се биде дел од нив, да им помогнеме малку на оние на кои им треба помош“.
„Жалосно за мене е што можете против се, освен против годините“.
Покрај 49-годишниот Алегри, на натпреварот настапија и ѕвезди како Дел Пјеро и Недвед.