Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија, Дани Олмо, го најави финалето на Европското првенство. Играчот за врска на „фуријата“ е оптимист, ги нагласи силните страни на својата селекција и најави дека не се плашат од ниту еден ривал.
„Мораме да бидеме внимателни. Постигнаа неколку голови во завршницата на натпреварите. Мора да бидеме на 100%, не е важно дали ќе играме 90 или 120 минути. Нашиот капитен Алваро Мората ни кажа на почетокот на турнирот. Имаме играчи кои се различни индивидуално како Нико Вилијамс и Ламин Јамал. Тие мора да го уништат противникот еден на еден. Во репрезентацијата имаме и играчи кои освоиле се во кариерата како Родри, Начо или Карвахал. Не се плашиме од никој! Немаше многу време за одмор по полуфиналето. Секогаш зборуваме дека за победа мора да се соочите со најдобрите, а ние игравме со сите и ги победивме. Сега на ред е Англија, подготвени сме“, изјави Олмо.
Досега Шпанците покажаа најмногу на Европското првенство, барем што се однесува до играта.
Сега во недела ги очекува голем притисок бидејќи Англија се очекува пак да игра на резултат и да не се отвора. Финалето во Берлин се игра во терминот од 21:00 часот.