Големо признание за Македонецот, навивачите избраа – Ристовски во тимот на сезоната

by
1 минути читање

Во тимот на
сезоната се најдоа дури седумина фудбалери на овогодинешниот шампион Ријека, од
таму е Стефан Ристовски на позицијата десен бек, додека во битката на стоперите
Леонард Жута имаше огромна конкуренција при што не успеа да влезе во најдобриот
тим за изминатата сезона во Хрватска.

Графички приказ –
goal.com/hr

На оваа позиција
речиси и да немаше никакви дилеми ниту пак неизвесност, бидејќи Стефан Ристовски
доби 77 проценти од гласовите
“ пишува хрватското издание на „Гол“.

Нашиот напаѓач од
редовите на Осијек, Музафер Ејупи доби седум проценти од гласовите на
навивачите во однос на позицијата напаѓач, за оваа позиција за најдобар е
прогласен унгарецот од Хајдук, Футаш кој со 18 гола е прв стрелец во лигата,
четири повеќе од македонскиот интернационалец.

Фудбалскиот
аналитичар од Хрватска, Јошко Јеличиќ во своето последно издание на емисијата „Стадион“
ги пикираше најдобрите од изминатата сезона во Хрватска, и во овој избор на најдобрите
во сезоната влезе Стефан Ристовски.

Утре во Вараждин
Ријека има можност да стигне до двојна титула сезонава, во финалето од Купот на
Хрватска ќе ги одмери силите со големиот ривал, Динамо Загреб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани