Арсенал им нуди договори на Санчез и Озил со кои ќе станат најплатените фудбалери во историјата на клубот

by
1 минути читање

Договорите на Санчез и Озил истекуваат следното лето, па доколку не стават потпис на нови договори ќе го напуштат Арсенал уште во овој преоден рок со цел клубот да заработи од нивното заминување.

Но, Арсенал не сака да се случи тоа, напротив тие прават обиди да ги убедат фудбалерите да потпишат нови договори.

Според „Телеграф“, Арсенал е подготвен да одвои сума од 34 милиони евра годишно за да ги задржи Санчез и Озил.

Арсенал на Санчез му нуди договор до 2020 година со неделна плата од 316.000 евра, додека на Озил 321.000 евра неделно со кои би станал најплатен играч во историјата на клубот.

Венгер му ветил на раководството дека со задржување на Санчез и Озил и носење на две до три квалитетни засилувања, идната сезона ќе може да се бори за трофејот во Премиерлигата.

Арсенал за прв пат под водство на Арсен Венгер не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, заврши на петтото место во Премиерлигата и идната сезона ќе настапува во Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани