„Буфон повеќе ја заслужува Златната топка од Роналдо“

by
1 минути читање

Џанлуиџи Буфон со Јувентус веќе ја освои двојната круна оваа сезона, а има можност за прв пат да триумфира во Лигата на шампионите ако го совладаат Реал Мадрид.

Голманот има фантастична сезона, со одлични одбрани само ја потврдува својата вонсериска класа, а годините не му се пречка за тоа.

Формата на Буфон иницираше дебата кој треба да ја добие Златната топка. За Раванели нема дилема.

„Буфон е еден од играчите кои заслужуваат да ја добијат Златната топка. Тој ја заслужува многу повеќе отколку Роналдо“ – вели Раванели.

„Џиџи има неверојатна сезона и покрај неговите години. Кристијано е одличен фудбалер но веќе има многу Златни топки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани