68
Од актуелната сезона има уште едно коло, но романтичарите веќе почнаа да ги претставуваат новите засилувања.
Работнички денеска потврди дека напаѓачот Стојанчо Велинов од Ренова е првото засилување на тимот за следната сезона.
„Ново засилување на Работнички за следната сезона е Стојанчо Велинов, напаѓачот кој оваа сезона го носеше дресот на Ренова. Тој потпиша договор на една година со нашиот клуб и по завршувањето на овој шампионат веќе ќе му биде на располагање на тренерот Виктор Треневски“ – стои во соопштението на клубот.