Педро Поро го „тролаше“ Рабио: Јамал со 16 години ти постигна вакво голчиште во фаца (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Јамал

Десниот бек на Тотнем, Педро Поро го „тролаше“ Адриен Рабио на социјалните мрежи откако Ламин Јамал постигна спектакуларен гол против Франција и тоа токму кога требаше да биде маркиран од играчот на Јувентус.

Во пресрет на натпреварот помеѓу Шпанија и Франција, Адриен Рабио реши да започне психолошка војна со Ламин Јамал.

Играчот на Јувентус на својот далеку помлад колега му порача дека полуфинале на Европско првенство е нешто сосема друго, и дека ќе мора да прикаже многу повеќе доколку сака да игра финале.

Но ова му се удри од глава, 16 годишниот Ламин Јамал постигна спектакуларен гол од далечина и стана најмладиот стрелец во историјата на Европските првенства. А за одмаздата да биде послатка, токму Адриен Рабио го маркираше при шутот и не успеа да го запре.

Па десниот бек на Тотнем, Педро Поро го искористи ова за да го „трола“ Адриен Рабио на социјалните мрежи.

„Ако му фалеше една работа, со 16 години, ти постигна вакво голчиште во фаца“ – гласаше пораката на Шпанецот, кој од дома го следеше мечот откако не се најде во составот на „црвената фурија“ и покрај тоа што имаше солидна сезона.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани