Тотнем за прв пат во својата историја доживеа ваков срам, и тоа откако потроши 400 милиони на засилувања!

by bojan
1 минути читање

„Спарси“ одиграа 0-0 против Евертон, па за прв пат во својата историја не успеаја да постигнат гол на првите четири натпревари во Премиерлигата, и тоа откако потрошија речиси 400 милиони евра на засилувања.

Тотнем ова лето инвестираше огромна сума на пари на нови играчи, беа потрошени речиси 400 милиони евра за ангажман на Сандро Тонали, Матеуш Фернандеш, Савињо, Јан Пол ван Хеке и Тосин Адарабиојо, на позајмица пристигнаа Омар Мармуш и Михајло Мудрик, плус како слободни играчи пристигнаа Маркос Сенеси и Ендри Робертсон.

Но и покрај тоа „спарси“ игра катастрофално на почетокот од сезоната, вечера против Евертон резултатот беше 0-0, па клубот од Северен Лондон запиша нов срам.

За прв пат во својата историја, Тотнем  не успеа да постигне гол на првите четири натпревари во Премиерлигата.

ФОТО: X/Tottenham Hotspur

Можно е и ова да ти се допаѓа

×