Ренџерс го растури Селтик, Миовски доби само неколку минути! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во меч од четвртфиналето во шкотскиот Лига куп, Ренџерс со 3-0 го победи Селтик, Бојан Миовски во игра влезе во финишот од натпреварот.

И покрај тоа што со гол му донесе три бода на Ренџерс на минатиот меч, Миовски не ја доби довербата од тренерот. Во игра влезе во 87. минута кога натпреварот веќе беше решен.

Ренџерс поведе со гол на Неил во 23. минута, истиот фудбалер во 75. минута ги постави и конечните 3-0.

Меѓу овие два гола, во 59. минута гол даде и Келси.

Ренџерс се пласира во полуфиналето од Лига купот, Селтик е елиминиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×